Душек EXCLUSIVE

35,000.00 ден 60,300.00 ден-10% Попуст

Категорија: ,
Сподели

Опис

Дизајнирани за луѓе со болки во половината и грбот.

Материјалот од кој е изработена ХР пената обезбедува оптимални услови за спиење бидејќи овозможува циркулација на воздухот во 7 зони и со тоа спречува појава на топлина и создавање на влага.

Системот со џебни жичени јадра се состои од пружини кои се независни едни од други и се сместени во меѓусебно поврзани џебови. Со тоа, може континуирано да спиете без да Ве разбудат движењата на партнерот до Вас. Утврдено е дека на човечкото тело има 7 различни зони врз кои се создава притисок при лежење, а душеците со џебно жичено јадро, со својата структура од 7 различни степени на тврдост, му даваат најдобра можна потпора на телото, го регулираат протокот на крв и ги сведуваат несаканите движења на минимум. Џебното јадро се состои од пружини со висина од 16 cm, кои се поставени во џебови и се независни едни од други. Висината од 16 cm овозможува приспособување на движењето на пружината на анатомската структура на телото.

Влакната од камила се одличен избор како едни од најдобрите регулатори на температура, бидејќи камилите живеат на места каде температурите се екстремно високи во текот на денот и многу студени во текот на ноќта. Со оглед на тоа дека топлинскиот дисбаланс е честопати единствениот главен причинител за испрекинат сон, најважно е облогата на душекот колку што е можно поефективно да ја регулира температурата и влагата.

На врвот
Кошничка 0
Додадено во листа на омилени Види во листа на омилени